Поволните услови за инвестирање, ниските даноци, големиот број технолошко индустриски развојни зони - ТИРЗ кои ќе продолжат да се градат, забрзаните постапки за издавање на градежните дозволи кои од јуни ќе се добиваат електронски и активностите за изградба на пругата кон Бугарија која се очекува да влезе во функција во првите години по 2020, се дел со адутите со кои министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ги повика бугарските инвеститори да вложат во Македонија. Македонија и Бугарија имаат заедничка стопанска комора, но вчера по пауза од две години прв пат одржа состанок. Македонската влада континуирано имплементира проекти за подобрување на бизнис-климата, а за привлекување странски инвестиции продолжува да основа технолошко-развојни индустриски зони со низа даночни поволности.
Поволните услови за инвестирање, ниските даноци, големиот број технолошко индустриски развојни зони - ТИРЗ кои ќе продолжат да се градат, забрзаните постапки за издавање на градежните дозволи кои од јуни ќе се добиваат електронски и активностите за изградба на пругата кон Бугарија која се очекува да влезе во функција во првите години по 2020, се дел со адутите со кои министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ги повика бугарските инвеститори да вложат во Македонија.
Македонија и Бугарија имаат заедничка стопанска комора, но вчера по пауза од две години прв пат одржа состанок.
- Македонската влада континуирано имплементира проекти за подобрување на бизнис-климата, а за привлекување странски инвестиции продолжува да основа технолошко-развојни индустриски зони со низа даночни поволности. Утврдена е стратегијата за формирање три технолошко-индустриски развојни зони во источна Македонија, Берово/Пехчево, Делчево и Струмичко, чиешто отворање е планирано наскоро - информира Јанакиески.
Тој додаде дека интензивно се работи за да се изгради пругата кон Бугарија, од која за првата делница Куманово - Бељаковце се обезбедени 44 милиони евра. Целата пруга до бугарската граница треба да биде готова до 2021 или 2022 година, а со бугарските власти е договорено тогаш тие да го завршат својот дел од два километра и да го реконструираат останатиот.
Според бугарскиот амбасадор во земјава Иван Петков, трговската размена меѓу Македонија и Бугарија е солидна, но има уште многу простор за нејзино унапредување.
- Во 2012 размената беше нешто повеќе од 550 милиони евра, што е помалку од 2011 кога достигна една милијарда. Причината за ваквиот биланс беше веројатно економската криза - рече Петков.
Неговиот македонски колега Благој Ханџиски посочи дека и во услови на криза, постигнат е раст во туристичката размена. Во првите три месеци годинава е регистриран и зголемен интерес на бугарските бизнисмени за инвестирање во Македонија.
- Бројот на издадени работни визи е зголемен два пати. Тоа покажува дека не е зголемен само интересот за инвестирање, туку и дека бугарските фирми многу почесто учествуваат и добиваат на тендери и работат во Македонија - рече Ханџиски.
За нов претседател на оваа комора е избран македонскиот бизнисмен Зоре Темелковски, кој истакна дека комората мора да се обнови како силен гарант за слободата на претприемништвото и стимул на нашите политички и културни елити.